Електронски весник #074 No.Net.Mk

logo
baner

Водич за Неформално Образование е проект чија главна цел е популаризација на Неформалното Образование во нашата земја. Преку овој проект се презентираат информации за обуки, семинари, курсеви, предавања, како и текстови за интелигенција, логика и други теми врзани од областа на Неформалното Образование.
За повеќе информации посетете ја нашата веб страница www.no.net.mk
Почитувани читатели,

на почетокот сме на нова седмица и нов месец - одличен повод за да започнете со вашата надградба на знаење. Еден од начините за ваша надградба е да изберете обука која ќе ги зголеми вашите познавања и вештини. Доколку ви е потребна помош при изборот на обука или при изборот на тренинг центар, слободно контактирајте не и ние ќе ви го препорачаме нашиот избор.

Доколку повеќе милувате во овие студени денови да седите дома, тогаш книгата е најдобриот начин за надградба на знаењето. Изберете некоја нова книга, или едноставно ззапочнете со книгата која одамна сте сакале да ја прочитате. Вашиот избор за читање испратете ни го и споделете го со нас.

Во меѓувреме продолжуваме со редовно информирање за нови обуки, семинари и курсеви. Повеќе информации за новообјавените обуки можете да најдете во нашиот Информатор за обуки и статии.

За сите оние кои сакаат да дознаат нешто ново преку статии, оваа седмица подготвени се нови статии од следните автори:: Александар Делев, Александра Марковска, Ана Чучкова, Благица Ризоска, Весна Алексовска, Жарко Конески, Лидија Зорба, Снежана Какуринова, Томислав Трајков, како и статии од веб порталот Жена и од неделникот Капитал.


Нека овој месец ви започне успешно!

Дејан Спасески,
координатор на Неформално Образование
info@no.net.mk
тел. 070.342.997
Информатор
Неделен Електронски Информатор за обуки и статии

Ви доставуваме линк од последното on-line издание на Информаторот за обуки.

Неделен Електронски Информатор Број 074

Во неделниот информатор на едно место ќе најдете термини и детали за сите актуелните настани во наредниот период. Ќе можете да прочитате дополнителни информации, огласи за обуки како и мали огласи и ќе можете да ги прочитате сите статии кои претходната седмица биле објавени на Статија.мк.
Препорака
Наша препорака за обуки за оваа седмица


Клуч - Консалтинг и тренинг центар

Интелигентен Деловен Англиски Јазик
Обуката за Интелигентен деловен англиски јазик ќе Ви овозможи да ги освежите и надополните своите предходно стекнати знаења: збогатување на речникот, употреба на граматички правила или пак усовршување на деловните термини. Консалтинг и тренинг центар Клуч организира обука за Деловен Англиски јазик. Обуката трае 32 часа. Темите разработуваат низа детали од деловното секојдневие, без разлика дали се работи за сопственик, претприемач, менаџер или службеник. Пополнете го тестот и проверете го своето знаење.
Обуката Интелигентен Деловен Англиски Јазик започнува на 09 Ноември 2010 година.


Други обуки и семинари најавени во Ноември

Детра Центар
Развивање на претприемачки капацитети
(13.11 - 14.11)

Тринова МПМ
Група за личен раст и развој. Креативноста како главен фактор во секое поле на нашиот живот (13.11 - 14.11)
Еклектична психологија - во тек
Обука за присходрама - во тек

Синергија Плус
Решение за Вашата финансиска иднина
секој понеделник од 19 до 21 часот

Ин Оптимум
Семинар за Брзо Читање (05.11 - 10.11)
Јуниор Брзо Читање
(05.11 - 10.11)
Учење со помош на Power Reading метод (13.11-14.11)
Креативница за деца (04.11.10)

Клуч
Изработка на еколошки дозволи (12.11-14.11)
HACCP систем (18.11 - 20.11)
Европски фондови РП7 (25.11-26.11)

ЦС Глобал
Ефективна комуникација при продажба (06.11-07.11)
Управување со човекови ресурси (08.11 осн.)
Деловен Асистент (11.11)
EBC*L Лига на шампиони 2010

Примеко
Финансиски менаџмент (10.11 - 04.12)
Анализа на финансиски извештаи и вреднување на компаниите (12.11 - 13.11)
Финансиско планирање, контрола, буџетирање и левериџ (26.11-27.11)




Наш избор од Статија.Мк

Што мотивира?

Веројатно најчеста заблуда кога станува збор за човековата мотивација е тврдењето дека таа во најголем дел е условена од пари. Се разбира, секој кој работи очекува фер надокнада за вложениот труд и време, но дали парите се тие кои би не натерале својата работа да ја работиме посветено, квалитетно и со страст?


Кога би ги прашале луѓето - Зошто ја сакате својата работа?, би добиле многу разновидни одговори - дека се задоволни со својата позиција која им носи углед и почит, дека имаат одлични колеги и уживаат во секојдневната дружба со нив, дека работата ги исполнува нивните лични цели и интереси, дека им овозможува усовршување и покажување на тоа што го знаат и умеат и сл.


Цела статија (...)
Нов број на GlobalHR

Во најновиот број ќе прочитате
- Пазар на труд-Трендови на пазарот на труд во вториот квартал од 2010 година

- HR Знаење-Поимник за HR терминологија

- Бизнис Психологија - Фрли се болен - како да се соочиме со феноменот на фиктивни заболувања

- HR Истражувања- Зошто бизнисот се вмешува во корупција

Статија.Мк

Луѓето се наше најголемо богатство

Претприемничко учење

Хипноза и хипнотерапија (1)

Што мотивира?

Создавање нација со висок претприемачки дух

Глобални трендови во академската online заедница

Зрели години

Формула за успех

Основни темели на МЛМ бизнисот

Организациска лојалност и посветеност

Тренинг Центри
Бесплатен прирачник
No.Net.Mk ви подарува бесплатен Прирачник за креирање и одржување на електронски весник. Овој прирачник е бесплатен и е достапен за сите читатели од Септември 2010 год.
Повеќе...

Печатени медиуми

Медиуми кои превземаат информации од нас се:

GlobalHR

Капитал
Следете не!


Find us on Facebook Follow us on Twitter

Мисла на неделата:

All that I know I learned after I was thirty.
Georges Clemenceau

No.Net.Mk не е организатор на ниту еден од наведените настани во информаторот. Наведените информации се превземени од тренинг центрите кои се јавуваат како организатори за настаните. За повеќе детали за настаните обратете се на наведените контакт броеви или e-mail адреси на тренинг центрите.

Овој информатор можете без никакви пречки да го проследите до сите ваши пријатели за кои сметате дека би ги интересирале информациите во него и за тоа сме Ви многу благодарни.

Доколку повеќе не сакате да добивате пораки од info@no.net.mk, Ве молиме испратете ни порака со содржина "ИЗБРИШЕТЕ МЕ ОД ВАШАТА MAILING ЛИСТА". Dokolku poveke ne sakate da dobivate poraki od info@no.net.mk, Ve molime ispratete ni poraka so sodrzina " IZBRISETE ME OD VASATA MAILING LISTA".